Вардарци и металурзи тераат француска шема низ Скопје (ФОТО)

Ракометарите на Вардар и Металург се подготвуваат за новата сезона, а играчите на двата клуба се дружат во слободното време. Со оглед на тоа што и во двата клуба има многу нови играчи меѓу кои се и ракометари кои добро се познаваат секогаш има што да се види.

Французите беа најбројни како засилувања ова лето, а и во двете екипи ќе ги има во новата сезона така што ќе има што да се види и на терените.

Една таква фотографија беше направена и на од браќата Оливие и Кевин Њокас кои се дел од Металург и Жереми Тото од Вардар, а очигледно со ова како да сакаа да го поздрават Кирил Лазаров кој игра во Нант во Франција.

Дефинитивно во новата сезона ќе биде доста интересно бидејќи Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург… имаат доста засилувања и секој натпревар ќе буди доста голем интерес.