Вардарци во исчекување: Кога нема натпревари, тогаш…(ФОТО)

Ракометарите на Вардар веќе дваесетина дена се без натпревар од Лигата на шампионите.

По поразот од Мешков Брест во првото коло, европскиот првак требаше да игра против норвешкиот Елверум дома, но тој дуел беше одложен по барање на ривалот.

И дуелот од третото коло против ПИК Сегед што требаше да се игра на гостински терен, беше одложен од страна на ЕХФ, бидејќи унгарскиот тим имаше седум позитивни играчи на Ковид-19 и немаше доволен број играчи за настап во ЛШ.

Оваа седмица има пауза во елитното натпреварување, па така вардарци вториот меч би требало да го одиграат на 15 октомври, против бундеслигашот Фленсбург во Скопје, а дотогаш им останува напорно да тренираат.