Вардарци бегаат од скопската жештина – од денеска на подготовки во Маврово

Ракометарите на Вардар по една недела тренинзи во Скопје, од денеска заминуваат во Маврово каде ќе одработат дел од подготовките.

Вардарци ќе им се приклучат на пелистерци, кои исто така ќе тренираат во Маврово до почетокот на август.

„Црвено-црните“ со шест нови имиња ги почнаа подготовките за новата сезона во која ќе имаат настапи и на домашна и на европска сцена.

Тоа се бековите Мело, Петриќ, Јашухира, Николиќ и Родригез, како и крилото Срдановиќ.

Ривал во квалификациите за Лигата на Европа е германскиот Рајн Некар Левен, а дуелите се играат на 26 август во Скопје и 3 септември во Хејделберг.