Вардаровите Французи на посебна исхрана – бурек и ајвар задолжително за појадок

Во Скопје вардаровите ракометари Оливие и Кевин Њокас се дојдени со нивните семејства и сите живеат заедно во иста куќа. Велат дека тоа е нивниот „среќен меур“, веќе се адаптираат на градот, децата им тргнаа на училиште.

Нашата престолнина пријатно ги изненадила, а особено одушевени се од храната, особено од бурек и ајвар.

„На почетокот имавме сомнежи, затоа што сме играле на многу места и сме се среќавале со секакви ситуации. Не ја знаевме средината, културата, но може да кажеме дека Скопје пријатно нè изненади. Сите живееме заедно во една куќа, одлично се адаптиравме, животот е убав тука. Се што сакаш можеш да најдеш, има толку различни места во градот. Храната е одлична. За доручек задолжителен е бурек – децата го обожуваат. И ајвар исто така. Посетивме и неколку кафеани во Дебар маало, навистина уживаме тука“, едногласни се близнаците по тоа прашање, а Кевин вели: Сум живеел на различни места и тука навистина се чувствувам среќен и јас и моето семејство. Живеев на места каде беше ужасно, секое утре ќе погледнев низ прозорцот и си велев: ’тоа е мојот живот’. Во Скопје би можел и да останам да живеам дури и кога не би играл повеќе за Вардар.“

Подолу погледнето го интервјуто со француските интернационалци…

ИНТЕРВЈУ ОЛИВИЕ И КЕВИН ЊОКАС: Нашата игра е најдобар доказ колку сме среќни во Вардар