Вардарки се вратија на победите, обезбедија лесен триумф над Деспина

Ракометартките на Вардар се вратија на победите после поразот до Куманово во минатото коло. Во натпревар од 24. коло од Женската лига беа подобри од Деспина и славеа лесна и убедлива победа со 36:16.

Само во почетните минути беше израмнето до резултат 4:4, со три брзи гола вардарки го имаа првото повисоко водство. Следуваше уште една серија од 8:0 после која веќе беше познат победникот.

Деспина тешко ја пробиваше одбраната на Вардар и за петнаесетина минути успеа да постигна само два гола што донесе висока негатива на полувремето. Ракометарките на Драгана Ристова на полувреме водеа со 16:7.

Во второто полувреме немаше никаква неивесност. Вардар постојано го зголемуваше водството кое достигна на крајот и до највисоки 20 гола разлика. Со овој триумф Вардар се зацврсти на второто место на табелата.

ДЕСПИНА – ВАРДАР  16:36 (7:16)

Сала: РР Ричко во Прилеп.
Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Ристевска, Боризоска, Гулеска 5, Ел. Рипилоска 1, Ев. Рипилоска 1, Цветкоска 1, Спироска 1, Димитрова 1, Богојеска 2, Конеска 2, Чурлиноска, Еленин, Цаневска 2, Седлоска, Димоскаж

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 8 мин.

ВАРДАР: Трајковска, Попова, Ѓеоргиевска 2, Илиќ, Трпевска 5, Костовиќ 1, Диневска 3, Миновска 5, Галевска, Стојановска 2, Васевска 4, Коцева 2, Дамјановска 3

Седмерци: 4/7, Исклучувања: 8 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ22211064
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207