Вардарки немаа милост за Овче Поле СУ, му дадоа 43 гола!

Ракометарките на Вардар ја продолжија победничката серија во Женската лига, откако славеа на домашен терен против составот на Овче Поле  СУ со убедливи 43-12 во натпревар од 11. коло.

Победникот беше решен уште во првиот дел, кога „црвено-црните“ ракометарки постигнаа 22 погодоци, а примија само шест.

Во второто полувреме, тренерот Драгана Ристова им даде шанса за настап на сите ракометарки и сите освен голманките се запишаа во листата на стрелци.

Најдобри беа Стефанија Георгиевска со десет и Бојана Диневска со шест погодоци, додека кај гостинките по три гола дадоа Вучевска и Ашкилова.