Вардарецот Родригез доаѓа со трофеј – Куба е златна на Централноамериканските игри!

Новото засилување за Вардар, левиот бек од Куба, Ансер Родригез, со златен медал од Централноамериканските и Карипски игри доаѓа во Скопје.

Неговата репрезентација успеа да го освои трофејот на ова натпреварување откако славеше над Доминиканската Република со 30-29.

Новиот вардарец беше меѓу најдобрите поединци во кубанската селекција и успеа да постигне три погодоци.

Иако Кубанците водеа со четири гола разлика на полувремето, 14-10, во вториот дел мораа да се помачат за да стигнат до триумфот.

Претходно, во полуфиналето Куба го елиминираше Порторико, кој го победи со 24-18, а Родригез беше стрелец на еден гол.