Валчак: Прв или последен – секој гол ја има истата вредност

Вардар после голема борба во салата Јане Сандански загуби минимално 25:26 од хрватскиот тим Нексе во реванш дуелот од СЕХА лигата, сепак шампионот обезбеди пласман на завршниот турнир.

Полскиот интернационалец Патрик Валчак беше еден од најдобрите на теренот и ги постигна клучните голови со кои Вардар обезбеди пласман на завршниот турнир во Задар. Валчак имаше свое видување на натпреварот.

„Го постигнав последниот одлучувачки гол, но секој гол ја има истата вредност без разлика дали е постигнат на почетокот или на крајот. Ние сме на завршниот турнир а тоа беше нашата цел. Ќе продолжиме да работиме, овој натпревар ни покажа каде грешиме. Ќе ги анализираме грешките и ќе се обидеме да ги отстраниме“, рече Валчак по натпреварот.

Вардар во полфиналето на фанјал-форот ќе се сретне со Загреб во борбата за финале и одбрана на трофејот од минатата сезона.