Валтер и Ојлески едногласни: Освоивме важен бод, треба да бидеме задоволни

Ракометарите на Еурофарм Пелистер водат по првото полувреме против шпанска Бидасоа со 17-16 во натпревар од шестото коло во Лигата на Европа, иако во еден дел од мечот имаше и плус четири.

Тренерот на ,,фармацевтите Ларс Валтер се заблагодари на битолската публика за поддршката и истакна дека падот во вториот дел бил очекуван.

,,Благодарност до публиката која што дојде на трибините и ни даде голема поддршка. Имавме добар старт, одлично трчавме и резултатот беше поволен за нас. Сепак, во вториот дел се почувствува тоа што Хосни не тренираше еден месец, а повреден беше и Хенеберг. Падот во нашата игра во вториот дел беше очекуван. Покрај сите проблеми, сепак, успеавме да се вратиме и да освоиме бод и овој бод може многу да значи во понатамошниот расплет во групата“, изјави Валтер.

Еден од поискусните во таборот на Еурофарм Пелистер, Гоце Ојлески истакна дека неговиот тим треба да биде задоволен од освоениот бод

,,Мислам дека одигравме добар натпревар, во кој имавме добри и лоши страни. Сакавме со победа да ја завршивме полусезоната, но во вториот дел се почувствува тој замор и добро е што се вративме и освоивме бод. Мислам дека треба да бидеме задоволни од епилогот“, изјави Ојлески.

Еурофарм Пелистер со минимална предност на пауза против Бидасоа