Бутел со звукот на сирената до полн плен против Прилеп

Ракометарите на Бутел Скопје победнички ја започнаа новата сезона откако на домашен терен во првото коло од Супер лигата ја совладаа екипата на Прилеп со 28:27 многу потешко од очекувањата.

Прилеп даде силен отпор против фаворизираниот тим, почетокот беше максимално израмнет. На секој погодок и водство на гостите ракометарите на Бутел Скопје веднаш одговараа, после 2:4 домашните израмнија и долго се играше гол за гол.

Во 24. минута Бутел Скопје за првпат имаше два предност кога поведе со 12:10, но Прилеп имаше одлична завршница на првото полувреме и уште еднаш го презема водството и на одмор замина со 13:14.

Во второто полувреме екипите неколкупати го менуваа водството, Бутел Скопје имаше и највисоки три 22:19 кон средината на вториот дел но Прилеп успеа уште еднаш да се врати. Во завршните десетина минути гостите влегоа со позитива и беа на чекор до изненадување.

На нешто повеќе од две минути до крај Прилеп имаше 25:27, Бутел Скопје погоди од седмерец и до крај на натпреварот успеа да направи пресврт. Прилеп имаше напад за победа кој не го реализираше, а Денис Тот со истекот на времето погоди за победа на Бутел.

Најефикасен во составот на Бутел Скопје беше Мирко Мајиќ со осум погодоци, а Кристијан Давитковски и Денис Тот погодија по петпати. Во тимот на Прилеп по шест гола постигнаа Реваз Чантурија и Христијан Милошески.

12 септември 2021
28 - 27
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
12 септември 2021 20:56 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 12.09.2021 60'

Место

УС „Антон Димитров“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ1328Победа
ПРИЛЕП1427Пораз

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
Иван Андревскилев бек00
Саша Пуљизовиќцентрален бек00
6Јовица Младеновскилев бек23
7Кристијан Давитковскидесен бек05
7Томче Стојановскилев бек10
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек03
10Марко Митевцентрален бек00
14Бојан Спасовскипивот00
15Златко Мојсоскидесно крило01
17Бојан Спасовскидесен бек01
21Градимир Чаневскиголман00
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќпивот12
34Кристијан Василевскипивот00
64Мирко Мајиќлево крило08
94Денис Тотдесен бек05
 Вкупно 428

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александар Тренчевскипивот13
5Лео Дамчевски-00
7Хазеин Рустамовлево крило00
9Христијан Бикоскилево крило01
11Владимир Трајкоскилев бек04
12Иван Ангелескиголман00
17Хари Павловдесен бек11
18Давор Шокоскилев бек01
18Христијан Милошевскилев бек16
19Антонио Бурчевскипивот00
23Реваз Чантуријадесно крило16
28Синиша Павловдесен бек00
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек04
77Зураб Цинцадзеголман00
14Даниел Андоновскилев бек11
 Вкупно 527

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
КАМИШЕВСКИ ДУШКО