Бутел Скопје одработи рутински против Радовиш и запиша нови бодови

Ракометарите на Бутел во првиот натпревар од пролетниот дел од Супер лигата на свој терен беа подобри од составот на Радовиш со 26:22.

Радовишани на овој дуел влегоа без притисок и со добра игра во првите петнаесетина минути рамноправно се бореа против фаворитот. Во првите десет минути главно се играше гол за гол, а гостите од Радовиш во неколку наврати пропуштија шанса да дојдат до позитива од два гола предност.

По израмнетиот почеток на самиот старт и нерешениот резултат од 5:5, избраниците на Кристијан Грчевски влегоа во посилен ритам и со серија од 5:0 стигнаа до највисоко водство од 10:5. Бутелци до крајот на првиот дел дојдоа и до шест гола предност, 12:6, додека во завршниот дел од првото полувреме, Радовиш успеа да ја преполови негативната разлика. По 30 минути игра, резултатот беше 13:10 во корист за Бутел.

Со голот на Кристијан Ристов, гостите дојдоа до минус два гола негатива во второто полувреме, 13:11. За само неколку секунди игра во вториот дел, црвен картон поради приговор кон судиите заработи ракометарот на Радовиш, Ангелче Органџиев, кој мораше да се пресели на трибините. Домаќините во одредени моменти имаа пад во играта, а тоа беше главна причина за резултатска неизвесност.

Иако, Бутел имаше водство од 17:12, ракометарите на Радовиш со погодоците на Постолов, Ристов и Трајчевски стигнаа до минус два, 17:15. Бутел на серијата на противникот возврати со поголема мера и со четири гола во низа стигна до 19:15. Тука беше скршен отпорот на гостите од Радовиш бидејќи Бутел во последните десет минути влезе со активен резултат од 22:16.

Во последните десет минути немаше поголема промена на резултатот, така што бодовите останаа за домаќинот на овој натпревар.

2 февруари 2022
26 - 22
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
2 февруари 2022 19:32 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 02.02.2022 60'

Место

УС „Антон Димитров“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ1326Победа
РАДОВИШ1022Пораз

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Иван Андревски-01
7Томче Стојановскилев бек22
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек22
10Марко Митевцентрален бек14
14Бојан Спасовскипивот00
15Златко Мојсоскидесно крило01
17Бојан Спасовскидесен бек03
28Градимир Чаневскиголман00
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќпивот03
34Кристијан Василевскипивот11
42Филип Бошковски-00
64Мирко Мајиќлево крило16
80Дино Трајчевскиголман00
94Денис Тотдесен бек02
96Кристијан Давитковскидесен бек01
 Вкупно 726

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Славјан Пауновголман01
3Иван Нисов-01
4Александар Марковлев бек11
7Александар Долдуровлево крило10
8Кирил Буровски-01
10Здравко Постоловцентрален бек16
11Ангелче Органџиевлев бек31
12Александар Ристовголман00
13Костадин Ѓоргиев-01
23Кристијан Ристовлево крило06
71Филип Трајановдесно крило00
77Томче Трајчевскипивот14
90Филип Костадинов-10
 Вкупно 822

Officials

Судии:Делегат:
ВУКАШИНОВСКИ АЛЕКСАНДАР
ТРАЈКОВСКИ МИРКО
САЗДОВСКИ ВЛАДИМИР
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515