Бутел Скопје мисли на иднината – договори потпишаа седум млади ракометари

Шест ракометари од школата на Бутел Скопје, Дејан Михајловиќ, Марко Каевски, Петар Цветковски, Филип Бошковски, Наум Симјановски и Стефан Јовевски, потпишаа професионални договори со третопласираниот тим од Суперлигата.

Сите шестмина беа дел од успесите на кадетската и младинската екипа во лигите оваа сезона и ќе го носат дресот на Бутел Скопје и во наредните две сезони.

Дополнително тимот предводен од Кристијан Грчевски се засили и со младото лево крило од Металург, Дамјан Субашевски, кој исто така се обврза на двегодишна верност.

Претходно договорите ги продолжија тренерот Грчевски, како и пивотмените Јевтиќ и Стојчевиќ, а нови имиња се Мартин Манасков, Стефан Крстевски и Филип Николов.

Бутел Скопје покрај успехот на сениорската екипа, ја освои шампионската титула кај кадетите, додека кај младинците играше во финалето.