Бутел Скопје задржа уште еден играч

Средниот бек Димитар Ѓоргиевски ќе продолжи да го носи дресот на Бутел Скопје. Тој се обврза на двегодишна верност со тимот каде што настапува веќе четири сезони.

Беше дел од Бутел Скопје кога тимот настапуваше и во Првата лига, но и на европските настапи.

„Задоволен сум од продолжувањето на соработката. Јас сум член на Бутел Скопје уште од формирањето на клубот и не гледам причина зошто би ја променил средината. Бутел има високи амбиции секоја сезона и сигурен сум дека можам многу да напредувам во кариерата овде. Се надевам дека следната сезона ќе биде поуспешна од оваа што заврши и дека ќе се избориме за место во европските купови“, вели Ѓоргиевски.

Претходно Бутел ги промовираше Денис Тот и Градимир Чаневски, а ги продолжи договорите со Младеновски, Јевтиќ и Блажески.