Бутел Скопје задржа уште еден играч – Томче Стојановски потпиша нов договор

Томче Стојановски ја продолжи соработката со Бутел Скопје за наредните две сезони и ќе остане до 2024 година.

Ракометарот што е во Бутел Скопје веќе пет сезони останува верен и ќе продолжи да игра во добро познатата средина.

„Задоволен сум од најуспешната сезона во клупската историја, па не беше тешко да се решам за продолжување на соработката. Амбициите остануваат високи и за наредната сезона. Иако конкуренцијата во Суперлигата ќе биде уште посилнна, сепак ќе се обидеме да го повториме најмалку успехот од оваа сезона“, вели Стојановски.

Претходно Бутел Скопје ги продолжи договорите со пивотмените Стефан Стојчевиќ и Владимир Јевтиќ, како и тренерот Кристијан Грчевски, а нови ракометари се средниот бек Стефан Крстевски и десниот бек Филип Николов.