Бутел Скопје задржа уште еден играч – Кристијан Василевски го продолжи договорот

Тимот на Бутел Скопје продолжува со формирањето на ростерот за следната сезона во која ќе има големи абмиции.

Еден од староседелците во клубот, Кристијан Василевски, ќе остане во суперлигашот и во следните две сезони.

Кружниот напаѓач ќе ја игра петтата сезона во Бутел Скопје, кој претходно ги продолжи договорите со Младеновски, Стојановски, Мајиќ, Ѓоргиевски, Блажески и Јевтиќ.

Екипата предводена од Кристијан Грчевски досега ангажираше и четири засилувања – голманот Чаневски, како и бековите Пулјзовиќ, Тот и Давитковски.