Бутел Скопје забележа важна победа во Прилеп, останува веднаш зад Вардар и битолчани

Екипата на Бутел Скопје во рамките од 12. коло од Супер лигата забележа важна победа против Прилеп со резултат 26:23.

Ракометарите на Прилеп добро се држеа во првите 30 минути. Избраниците на Горан Кузманоски на самиот старт имаа предност од 2:1 и 4:2. На голот расположен беше интернационалецот од Грузија, Зураб Цинцадзе кој бранеше одлично и поради него, ракометарите на Бутел Скопје не можеа да изградат поголема предност. Гостите од Скопје преку Мојсоски, Тот и Младеновски успеаја да го скрши отпорот на домаќинот во последната третина од првиот дел и на полувреме заминаа со солидна предност од 13:10.

Бутел Скопје во второто полувреме со головите на Јефтиќ и Мајиќ се одлепи на највисоки шест позитива, 16:10. Чаневски со своите одбрани полека ги откажуваше домаќините. По осум минути игра во вториот дел, ракометарите на Бутел Скопје стигнаа до седум гола разлика, 17:10.

По алармот од домашната клупа и советите од тренерот Кузманоски, домаќините со серија од 4:0 го намалија водството на противникот на минус три, 14:17. Бутел Скопје успеваше да одржи резултатска контрола, најчесто од четири до пет гола разлика. На десет минути пред финишот, гостите имаа предност од 21:17. Прилепчани во неколку наврати намалија на три негатива, но поискусната екипа на Бутел Скопје секогаш успеваше да биде чекор пред домаќинот.

27 ноември 2021
23 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
27 ноември 2021 20:00 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 27.11.2021 60'

Место

Спортска Сала Сонце Прилеп

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРИЛЕП1023Пораз
БУТЕЛ1326Победа

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александар Тренчевскипивот02
5Лео Дамчевски-00
7Хазеин Рустамовлево крило01
9Христијан Бикоскилево крило00
11Владимир Трајкоскилев бек02
12Иван Ангелескиголман00
17Хари Павловдесен бек01
19Антонио Бурчевскипивот00
21Стефан Лозаноски-00
23Реваз Чантуријадесно крило05
27Христијан Милошевскилев бек15
28Синиша Павловдесен бек00
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек05
77Зураб Цинцадзеголман00
90Даниел Андоновскилев бек02
 Вкупно 123

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Филип Фидановски-00
5Иван Андревски-00
6Јовица Младеновскилев бек22
7Томче Стојановскилев бек00
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек10
10Марко Митевцентрален бек11
15Златко Мојсоскидесно крило05
17Бојан Спасовскидесен бек00
22Стефан Стојчевиќпивот00
28Градимир Чаневскиголман00
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќпивот16
34Кристијан Василевскипивот01
64Мирко Мајиќлево крило07
94Денис Тотдесен бек14
96Кристијан Давитковскидесен бек00
 Вкупно 626

Officials

Судии:Делегат:
ГЕОРГИЕВСКИ ДЕЈАН
ГЕОРГИЕВСКИ ДИМИТАР
НИКОЛОВСКИ АЦО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515