Бутел Скопје донесе уште двајца ракометари

Еден од најдобрите стрелци во прволигашката конкуренција минатата сезона, Филип Фидановски, е нов ракометар на Бутел Скопје. Левото крило кое има 18 години настапуваше за тимот на Металург РА, а во Бутел ќе формира дуо со Мирко Мајиќ на левата крилна позиција.

Покрај Фидановски, во Бутел Скопје доаѓа и Иван Андревски. Тој има 18 години, настапува на левата бековска позиција, а досега го носеше дресот на Металург РА.

Фидановски и Андревски се обврзаа на двегодишна верност со суперлигашот што беше петти во минатата сезона во елитното друштво.

Претходно Бутел Скопје ги засили редовите со голманот Градимир Чаневски, средниот бек Саша Пулјизовиќ, како и десните бекови Денис Тот и Кристијан Давитковски. Соработката ја продолжија Јовица Младеновски, Мирко Мајиќ, Томче Стојановски, Бојан Блажески, Кристијан Василевски, Димитар Ѓоргиевски и Владимир Јевтиќ.