Бутел Скопје го донесе еден од најдобрите стрелци во Првата лига

Еден од најдобрите стрелци во прволигашката конкуренција, Марко Стојанов, е нов ракометар на Бутел Скопје.

Струмичанецот кој потекнува од Астраион и досега настапуваше само за матичниот клуб игра на левата бековска позиција.

Стојанов (185/72) има 19 години и со тимот на Бутел Скопје се обврза на соработка на три сезони.

Претходно Бутел Скопје го ангажираше тренерот Горан Кузманоски, договорите беа продолжени со Димитар Ѓоргиевски, Бојан Блажески и Кристијан Давитковски.

Нови играчи во суперлигашот се левиот бек Лука Иваниќ, десното крило Дамјан Георгиев и голманот Александар Стојаноски.