Се активираат пионерите и кадетките: Кавадаречко-неготински и охридско-струшки двобои

Од денеска па во наредните шест дена ќе бидат одиграни многу натпревари во младинските категории.

Во машката младинска лига, завршија дуелите од есенскиот дел во групата А, останува да се одиграа уште две кола во групите Б, В и Г, додека кај дамите исто така заврши есенскиот дел.

Интересно ќе биде на дуелот меѓу непоразените Јуниор КВ и Бутел Скопје во групата Б, додека братски двобој ќе имаат битолските екипи во групата В.

Младинци, 4. коло, распоред:

Група Б
21/11, 16:00 часот, Металург – Голден Арт
21/11, 13:00 часот, Јуниор КВ – Бутел Скопје
22/11, 19:30 часот, Металург РА – Борец

Група В
20/11, 14:30 часот, Енхалон – Охрид
21/11, 18:00 часот, Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
Струга слоб.

Група Г
21/11, 13:00 часот, Тиквеш – Партизан Гевгелија
22/11, 19:30 часот, Радовиш – Прилеп
Младост Богданци слоб.

Денеска стартуваат и натпреварите од машката пионерска лига. Ќе се натпреваруваат вкупно 25 екипи поделени по пет во региони. По завршувањето на регуларниот дел ќе следува четвртфинале.

Место во четвртфиналето ќе обезбедат првопласираните од петте групи и трите најдобро второпласирани. Паровите ќе бидат одредени со ждрепка, а победниците од четирите средби ќе играат на Ф4 турнир.

Интересно би требало да биде на дуелите меѓу Аеродром и Скопје, Охрид и Еурофарм Пелистер, како и локалниот двобој меѓу Тиквеш и Вардар Неготино.

Пионери, 1. коло, распоред:

Група А
21/11, 11:00 часот, Куманово – Металург
21/11, 10:00 часот, Бисинов – Голден Арт
Вардар слоб.

Група Б
21/11, 17:00 часот, Младост Јуниор – Еурофарм Пелистер 2
21/11, 13:00 часот, Охрид – Еурофарм Пелистер
Преспа Вардар слоб.

Група В
20/11, 12:00 часот, Алкалоид – Рисови
21/11, 10:00 часот, Аеродром – Скопје
Бутел Скопје слоб.

Група Г
19/11, 19:00 часот, Прилеп – Младост Богданци
20/11, 15:00 часот, Тиквеш – Вардар Неготино
Радовиш слоб.

Група Д
21/11, 12:30 часот, КЛ7 Струга – Јехона
20/11, 16:00 часот, Струга – Сани
Асови Кичево слоб.

Денеска стартува и првенството во женска кадетска конкуренција. Ќе играат вкупо 16 екипи поделени во три групи, две по шест и една со четири екипи поделени по региони.

Првите три екипи од групите А и Б, како и првите две екипи од групата В, ќе обезбедат место во четвртфиналето. Викендов најинтересно би требало да биде на дуелот меѓу Металург и Куманово, а возбудлио ќе биде и во Битола на градскиот дуел меѓу Феникс и Пелистер.

Кадетки, 1. коло, распоред:

Група А
24/11, 20:30 часот, Илинден Вардар – Вардар
21/11, 12:00 часот, Металург – Куманово
21/11, 20:00 часот, Шампион – Ѓорче Петров

Група Б
21/11, 11:00 часот, Феникс – Пелистер
19/11, 20:00 часот, Сани – Јехона
21/11, 10:30 часот, Лихнид – Стружанка

Група В
21/11, 14:00 часот, Делчево Вардар – Деспина
21/11, 11:00 часот, Брегалница Плус – Гевгелија