Бутел го реши голманското прашање – Блажески потпиша нов договор

Тимот на Бутел Скопје продолжува со формирањето на ростерот за следната сезона. Чуварот на мрежата Бојан Блажески ја продолжи соработката со клубот и во следните две години ќе го брани голот.

Тој е член на Бутел Скопје веќе четири сезони, а со Градимир Чаневски ќе формираат одлично дуо.

„Од самото постоење сум член на Бутел. Минав 4 години , бев присутен на сите порази и победи на клубот. Се гледам во Бутел затоа што тука напредувам , учам од поискусните и ги надоградувам недостатоците за успешна караиера. Најдобрите успеси на Бутел допрва следуваат и се надевам на поуспешна сезона од ланската“, вели Блажески.

Претходно Бутел Скопје ги продолжи договорите со Јовица Младеновски и Владимир Јевтиќ, а ги донесе десниот бек Денис Тот и голманот Градимир Чаневски.