Бутел го задржа кадетскиот репрезентативец: Михајловиќ потпиша до 2026 година!

Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Дејан Михајловиќ стави потпис на нов договор со Бутел Скопје.

Кружниот напаѓач ќе остане во Бутел Скопје најмалку до 2026 година.

Со потписот на Михајловиќ, Бутел Скопје уште еднаш покажува дека смета во иднина на младите македонски ракометари, кои тренерот Кристијан Грчевски успешно ги промовира во првиот тим.

„Најпрвин сакам да и се заблагодарам на управата на Бутел Скопје за довербата што ми ја пружа како млад играч. Бутел е клуб со големи амбиции и одличен проект,среќен сум што го продолжив договорот и што ќе го носам дресот на овој клуб и во иднина. Очекувам да напредувам добивајќи минутажа во играта со што би ја оправдал довербата на тренерите и управата на клубот“, изјави Михајловиќ.

Бутел Скопје има една победа и три порази во разигрувањето за титулата во Суперлигата и одново ќе се бори за место во Европа.