Буриќ е херојот, БиХ со златна победа на чекор до ЕП!

Ракометарите на БиХ во босанското градче Чазин вечерва во неизвесен дуел ја совладаа репрезентацијата на Словенија со 27:26 и се многу блиску до пласман на Европското првенство 2024.

Избраниците на Ирфан Смајлагиќ во поголемиот дел од првото полувреме беа во водство, но на пауза се замина со нерешени 15:15.

Продолжението донесе голема неизвесност и борба за секоја топка, па така само нијанси одлучуваа каков ќе биде исходот од драматичниот меч. На една минута пред крајот беше 26:26, а победничкиот гол за БиХ го постигна искусниот кружен напаѓач Сенњамин Буриќ за конечни 27:26.

Црногорците на гостувањето на Косово триумфираа со 26:24 (11:6) и стигнаа до трет триумф во квалификациите.

Најефикасен кај Црна Гора беше Бранко Вујовиќ со седум погодоци, додека на голот одличен беше Небојша Симиќ со 18 одбранети удари. Кај Косово предводник на стрелците беше Дренит Тахирукај со шест реализации.

Во 7-та квалификациска група Словенија е лидер со осум бодови и со веќе обезбеден пласман на ЕП. Црна Гора е на 2. позиција со 6 бодови, ист број на бодови има и БиХ. Косово во досегашниот тек од квалификациите е без победа.

БиХ во последното, 6. коло од квалификациите за ривал ја има Црна Гора и со евентуална нова победа би можела да дојде до 2. позиција и директен пласман на континенталниот собир.

На БиХ добро би и дошло и реми, но и со пораз би имаша големи шанси да стане учесник на Европското првенство 2024 како една од најдобрите третопласирани репрезентации.

Србија со огромен пресврт ја победи Финска, Полска се извлече во Италија