Бундес лига: Томовски и Лудвигсхафен освоија бодови, избегаа од опасната зона

Екипата на Лудвигсхафен за која настапува голманот Мартин Томовски дојде до значајни бодови на дуелот против Ерланген и тоа на гостински терен после победата од 27:23.

Ова беше одлична средба за Томовски и колегите бидејќи успеаја во текот на целата средба да бидат на ниво и да го добијат натпреварот. Мартин Томовски на овој натпревар доби 11 минути и за ова време успеа да собере три интервенции што е солидна бројка во однос на деветте одбрани на Шкоф кој бранеше 42 минути.

Филип Миркуловски денеска беше стрелец на два гола за Вецлар, но тој и неговите колеги се вратија со пораз од гостувањето кај Лемго.

Добрата партија на Даинис Кристопанс, но и на Мијајло Марсениќ не беше доволна за успех на Фуксе Берлин. Поранешните вардарци доминираа, но Нордхорн си замина со бодовите од овој дуел.

БУНДЕС ЛИГА, 25. КОЛО

БАЛИНГЕН – МАГДЕБУРГ          32:34 (16:18)

Шох 8, Штробел 5, Нимејер 4 – О’Саливен 6, Дамгард 6, Кузмановски 5

ЕРЛАНГЕН – ЛУДВИГСХАФЕН  23:27 (11:12)

Шефер 4, Селин 4, Минел 3 – Мапес 8, Валиулин 5, Дурак 3

ФУКСЕ БЕРЛИН – НОРДХОРН  30:32 (12:14)

Кристопанс 9, Линдберг 8, Марсениќ 5 – Вебер 14, Микал 7, Мидема 4

ЛЕМГО – ВЕЦЛАР           32:27 (14:14)

Карлсбогард 10, Елисон 5, Тојеркауф 4 – Линдског 6, Френд 4, Рубин 3

МЕЛЗУНГЕН – БЕРГИШЕР           28:25 (15:12)

Хефнер 5, Мариќ 4, Кун 4 – Нипес 3, Гунасон 3, Бомхувер 3

ТАБЕЛА: 1. Кил 40 бода (726:603, -1 меч); 2. Флензбург 38 (641:563, -1 меч); 3. Магдебург 35 (729:670); 4. Хановер 34 (593:650, -1 меч); 5. Фуксе Берлин 34 (716:662); 6. Рајн Некар 30 (652:613, -2 меча)…