Кузмановски се разигра, со петка во победата против Талески

Екипата на Магдебург славеше со 34:32 во интересен натпревар на гостувањето кај Балинген, а Филип Кузмановски го одигра можеби својот најдобар натпревар во дресот на својот тим во Бундес лигата. Постигна пет гола во победата на Магдебург со што беше меѓу најефикасните на средбата.

Кузмановски имаше шут без грешка. Погоди петпати од пет удари така што покажа дека заслужува уште поголема шанса во тимот кој се бори за висок пласман во Бундес лигата. Имаше забележителна партија и во одбраната така што на крајот од средбата тој е еден од најдобрите во новата победа.

Талески денеска мечот го преседе на клупата така што немаше помош од него за Балинген, па неговиот тим сега е во опасната зона. Балинген после овој пораз на домашен терен од 32:34 се најде на претпоследната позиција.