Бундеслигашкиот македонски квартет во акција од 1 октомври

Раководството на најсилното првенство во Европа одлучи стартот во новата сезона да биде на 1 октомври.

Бундес лигата следната година ќе има 20 клубови наместо досегашните 18 и секој клуб ќе одигра по 38 наместо по 34 натпревари.

Натпреварот од Суперкупот кој беше закажан за почетокот на септември, ќе биде одигран во Диселдорф на 26 или 27 септември. За првата титула ќе се борат Кил и Фленсбург.

Комплетниот распоред на сите наптревари би требало да биде познат на крајот на јули. Македонија ќе има четворица интернационалци во Бундес лигата – Мартин Томовски во Лудвигсхафен, Филип Миркуловски во Вецлар, Филип Кузмановски во Хановер и Жарко Пешевски во Штутгарт.