Бундеслигашка понуда за вардарецот: Хановер (ќе) го бара Сташ Скубе!

Лидерот во Бундес лига, тимот на Хановер на крајот на оваа сезона ќе остане без услугите на данскиот организатор на играта, Мортен Олсен, кој се враќа во татковината и ќе игра за тимот на ГОГ Гудме.

Германците веќе ја почнаа потрагата за негова замена, а таа ги донесе и во Македонија, односно во Вардар. Тие се заинтересирани за услугите на словенечкиот плејмејкер Сташ Скубе, кој има активен договор со европскиот првак до 2022 година.

Покрај Скубе, Хановер има уште една опција, а тоа е средниот бек на Кил, Миха Зарабец. Во Кил следната сезона доаѓа Сандер Сагосен, па Зарабец ќе игра уште помалку отколку што игра сега, па Хановер сака да го искористи тој факт.

Нормално дека доколку сака да ги добие услугите на Скубе, Хановер најпрво ќе мора да разговара со раководството на Вардар, кое сигурно нема така лесно да се откаже од еден од најдобрите играчи во последните две сезони.