Будуќност станува нов Вардар, собра и една Французинка, која некогаш беше „црвено-црна“ (ФОТО)

Ракометарката која во сезоната 2013/14 го носеше дресот на Вардар, средниот бек и репрезентативка на Франција, Алисон Пино доаѓа одново на Балканот, но сега во Црна Гора.

Пино потпиша договор за Будуќност, па таа е само уште една поранешна вардарка која ќе игра во редовите на овој состав.

За нејзино доаѓање во Будуќност досега имаше само најави, а сега се остваруваат најавите така што дефинитивно станува јасно дека Будуќност после Радичевиќ, Лекиќ, Лазовиќ, Грбиќ… добива уште една поранешна вардарка со што сè повеќе наликува на „црвено-црниот“ тим.

Пино доаѓа од редовите на Париз 92, а претходно го носеше дресот и на составите на Иси лес Мулино, Мец, Олчим Влчеа, Вардар, Крим, Ним, Баја Маре и Брест.