Бронзените младинци од Србија свечено пречекани во Белград (ФОТО)

Поради лошите авио конекции меѓу Португалија и Србија, младинците на Србија дури синоќа се вратија во татковината.

Преку Франкфурт и Софија, па со автобус до Белград, младинците што освоија бронза на ЕП беа свечено пречекани во српската метропола.

Србија предводена од селекторот Ѓорѓе Теодоровиќ и МВП на првенството, Стефан Додиќ, стигна до бронза по триумфот над Шведска.

Репрезентативците и стручниот штаб беа пречекани и од раководството на Ракометниот Сојуз на Србија на чело со претседателката Милена Делиќ.