Брест Бретањ е првиот учесник на Ф4 во Будимпешта

Брест Бретањ успеа на гостински терен да одигра нерешено против Мец 26:26 и поради победата од првиот меѓусебен дуел со убедливи 34:24 успеа да си обезбеди билет за Ф4 турнирот во Будимпешта и да се бори за посакуваната титула во Лигата на шампионите.

Натпреварот помина во доста израмнета борба на двете страни и најчесто се играше гол за гол. И двете екипи имаа свои моменти на натпреварот, а крајниот исход беше и најреална опција.

Брест Бретањ беше подобар противник во првиот дел и успеа на полувреме на замине со предност од 17:14. Домашната екипа на Мец во второто полувреме преку Манон Ует го израмни резултатот на 23:23 и најави интересна завршница. До последните четири минути од натпреварот, Мец одржуваше водство од еден разлика, но Брест Бретањ со голот на Паулета Фопа во 58. минута успеа да се избори за реми.

Најефикасна во таборот на Мец беше Ќамила Мичијевиќ со седум гола. Во составот на Брест Бретањ се истакна Паулета Фопа со шест гола. По завршувањето на настапите во Лигата на шампионите, Мец ќе се насочи на домашното првенство, додека Брест Бретањ ќе се спрема за големиот предизвик и нивната мисија, освојување на титулата во Лигата на шампионите.