Брестовац ја собра младината и ја поведе на контрола во Турција

Ракометарите кои си обезбедија место во националниот тим за гостувањето во Турција каде што ќе бидат одиграни две контролни средби против селекциите на Турција и на Италија денеска се собраа во Скопје, но вечерва веќе патуваат за Турција.

Во составот на селекторот Данило Брестовац се најдоа ракометари кои во последните неколку години главно беа дел од натпреварувањата во младински категории, па само 3-4 играчи досега играле за националниот тим во квалификациите или на големите шампионати.

И со ваков состав Македонија ќе се обиде да се покаже во добро издание против Турција и Италија, а в петок и в сабота во Скопје против Грузија да одигра на уште повисоко ниво. Ова е недела за докажување на младите, па селекторот Брестовац со своите асистенти ќе има можност да го види најдоброто од играчите и ќе може да биди на кого од нив ќе може да смета за во иднина.