Брестовац со принудна замена – повикан Гоце Георгиевски на помош за Финска и Швајцарија!

Селекторот на машката репрезентација, Данило Брестовац, ја направи првата промена во ростерот пред квалификациските средби против Финска и Швајцарија за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Повикан е членот на Вардар, Гоце Георгиевски, кој ќе биде замена за еден од репрезентативците што нема да можат да се појават на собирот поради Ковид-19.

Искусниот Џомба првпат по подолго време не се најде на скратениот список пред некои квалификации или големо натпреварувања, но сепак ќе му помогне на националниот тим.

Претходно Брестовац направи промени и во стручниот штаб. На местата на Александар Царчев и Никола Матлиески сега ангажирани се Ице Соколески и Раде Стојановиќ.

Македонија ќе игра против Финска на 4 ноември од 20:00 часот, додека на вториот натпревар ќе гостува кај Швајцарија на 7 ноември од 18:30 часот.