Брестовац повика уште еден ракометар за пријателските натпревари пред ЕП

Селекторот Данило Брестовац иако на првичниот список за оваа  фаза од подготовките за претстојното Европско првенство повика 19 ракометари, сепак се реши за уште еден дополнителен повик.

Станува збор за левиот бек на Вардар, Дејан Кукуловски, кој се најде на поширокиот список. За пријателските во Србија против Кувајт и во Романија, Брестовац сега ќе има на располагање 20  ракометари, 19 во конкуренција за настап на ЕП, плус пикерот на Пролет, Михаил Аларов.

На вториот собир по Нова Година, треба да се појават уште Ристовски, Томовски, Пешевски, Стоилов, Манасков, Георгиевски, Талески, Кузмановски и капитенот Лазаров.