Брестовац повика нов играч во репрезентацијата за дуелите со Грузија

По враќањето на машката сениорска репрезентација од Турција, беше одржан тренинг во комплетен состав со сите ракометари што беа на списокот на Данило Брестовац.

На местото на повредениот Милан Лазаревски, Брестовац го повика пивотменот на Пролет, Михаил Аларов, за кого ова е прв собир во сениорска конкуренција.

Кои од 22 ракометари ќе бидат дел од првиот натпревар со Грузија, Брестовац ќе одлучи по утринскиот тренинг.

Натпреварот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот, додека вториот меѓусебен дуел ќе биде в сабота на истото место од 16:00 часот.