Браќата Њокас се враќаат на тренинзи

Најголемите засилувања за Металург оваа сезона, браќата Кевин и Оливие Њокас, од денеска се враќаат на тренинзите.

Како што објави клубот од Автокоманда, од денеска француските ракометари ќе му бидат на располагање на тренерот Иван Марковски на последниот дел од подготовките пред стартот на новата сезона.

Тие беа позитивни на коронавирус уште пред две недели на турнирот во Струга и беа во изолација која заврши вчера.

Металург вчера загуби од Бутел Скопје со 32-30, а до стартот на Суперлигата ќе одигра уште неколку пријателски средби на кои ќе треба да ја подигне формата пред вистинските предизвици.