Браќата Њокас го облекоа дресот на Вардар (ФОТО)

Ракометарите од Франција кои пред два месеци дојдоа во Автокоманда во Металург, од денеска и официјално се во составот на Вардар и ќе го носат „црвено-црниот“ дресот.  Близнаците, Кевин и Оливие Њокас веќе потпишаа едногодишни договори со „црвено-црните” и се приклучија на тренинзите.

Сите формалности околу нивниот настап се завршени и двајцата се пријавени за домашното првенство и во ЕХФ за настап во Лигата на шампионите. Со ангажирањето на браќата Њокас се засилува конкуренцијата на бековската позиција во Вардар.

Кевин Њокас игра на позиција на десен бек, додека Оливие игра на лев бек. Професионалната играчка кариера ја почнаа во редовите на ПСЖ, а потекнуваат од школата на Монтгерон.

Оливие има 32 настапи и 69 гола за репрезентација на Франција и има златен медал од СП 2017 година во Франција, а има и сребро од Олимписките игри во 2016 година. Тој лани играше во Нант.

Кевин последниве три сезони играше во Бенфика, на позицијата десен бек, а во својата кариера има играно уште за францускиот Кретеј и бундеслигашите Гепинген и Гумерсбах. За репрезентацијата на Франција има 41 настап и 57 голови, два златни медали од ЕП 2014 и СП 2015 година.