Браќата Карабатиќ уживаат на хрватското крајбрежје (ФОТО)

Легендарниот Никола Карабатиќ со неговиот брат Лука и големо друштво решија летниот одмор да го поминат на хрватското крајбрежје.

Судејќи според фотографиите и видеата на социјалните мрежи, браќата и нивните другари одлично си поминуваат во Трогир.

Браќата Карабатиќ, особено Никола, секое лето доаѓаат во Хрватска, земјата од која потекнува нивниот татко Бранко. Нивната мајка има потекло од Србија.

Никола не играше последниот дел од минатата сезона откако имаше проблеми со здравјето, односно воспалување на вените на нозете.

Тој го продолжи договорот со францускиот првак ПСЖ на уште една сезона, која се очекува да му биде последна во кариерата, а круна да биде настапот на ОИ 2024.