Браќата Илиевски ќе судат полуфинале на ЕХФ шампионатот во Романија

Македонската судиска двојка Методија и Михајло Илиевски ќе го суди првото полуфинале на ЕХФ шампионатот во Романија.

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за завршните натпревари, а браќата Илиевски ќе го судат полуфиналето меѓу Украина и Финска.

Натпреварот што ќе го даде првиот финалист ќе се игра денеска во романскиот град Крајова и ќе започне од 16:00 часот.

Претходно на ЕХФ шампионатот, Методија и Михајло отсудија три меча: Австрија – Словачка, Естонија – Словачка и Молдавија – Романија.

Битолчани лани за време на ЕХФ шампионатот во Скопје добија ЕХФ значка и судеа многу меѓународни натпревари минатата сезона, а таквиот тренд продолжи и летово.