Браќата Илиевски добија нова задача од ЕХФ, ќе судат четвртфинале од Европскиот Куп!

Во првата сезона како меѓународни судии со ЕХФ значка, Македонците Методија и Михајло Илиевски оставаат одличен впечаток.

Македонската судиска двојка откако судеше репрезентативни натпревари во младинска категорија, и три средби од европските купови, доби нова задача.

Тие се делегирани да го судат четвртфиналниот натпревар од женскиот Европски Куп меѓу српскиот тим Бекамент Буковичка Бања и словачката Дунајска Стреда.

Овој натпревар ќе се одигра на 12 февруари од 18:00 часот во Аранѓеловац, а делегат ќе биде Радош Ракочевиќ од Црна Гора.