Бранеше за Вардар и за Црна Гора, сега ќе дебитира за Австрија на 38 години!

Некогашниот голман на Вардар, Голуб Докниќ, а сега чувар на мрежата на Алпла Хард, ќе заигра за репрезентацијата на Австрија.

Докниќ, кој порано имаше црногорско државјанство, а сега има австриско ќе му биде на располагање на селекторот Алеш Пајовиќ за квалификациските дуели против Босна и Херцеговина, Германија и Естонија.

Одличниот голман бранеше во Вардар од 2005 до 2007 година и беше дел од европските купови со македонскиот тим. Потоа две години настапуваше за италијанскиот Конврзано, уште две во српската Колубара, пред да се пресели во Австрија во 2011 година.

Веќе десетта година е дел од австрискиот тим, а два пати го добиваше признанието за најдобар странец во тамошната лига.

Австрија ја чека дуел од квалификациите за ЕП 2022 година, против Босна и Херцеговина, кој беше одложен, а во април и мај уште две средби со Германија и Естонија.

Се сеќавате ли на Голуб Докниќ – како екс голманот на Вардар го мина цел терен и му даде гол на Металург (ВИДЕО)