Бранеше во Македонија осум години, сега има нов клуб

Репрезентативниот голман на Црна Гора, Јагош Брауновиќ, кој својата интернационална кариера ја започна во Македонија и во македонската елита настапуваше цели осум сезони, потпиша за клуб од Словенија.

Довчерашниот голман на Тиквеш е новото засилување во амбициозната екипа на Рико Рибница.

Станува збор за клуб кој во изминатата сезона заврши на 5. позиција на табелата во најквалитетното нaтпреварување во Словенија.

Првиот клуб на Брауновиќ во Македонија беше вториот тим на Вардар, поточно Вардар Јуниор. Црногорецот потоа настапуваше за Пелистер, Охрид, а во изминатата сезона го носеше дресот на Тиквеш.

Брауновиќ беше еден од најзаслужните за обезбедениот пласман на Тиквеш на европска сцена.