Бразил ја надигра Аргентина, стана шампион на Централна и Јужна Америка

Селекцијата на Бразил по првпат стана шампион на првенството на Централна и Јужна Америка кое го имаше своето второ издание по она во 2020.

Ако пред две години Аргентинците славеа во финалето, сега беше обратна ситуација, и „кариоките“ победија во финалето со 20-17.

На домашен терен во Ресифе, Бразил беше подобар ривал, иако во првото полувреме Аргентинците добро се држеа и беше 10-10. Најдобар стрелец кај Бразил беше Рудолф Акбарт со пет гола.

Со овој триумф, Бразил обезбеди место на СП во Полска и Шведска, исто така и финалистот Аргентина.

Во битката за третото место Чиле беше подобар од Уругвај со 29-21, а овие две селекции добија мундијалски места.