Бразил даде голем отпор, но Данска слави и ќе игра полуфинале на СП!

Селекцијата на Данска е првиот полуфиналист на Светското првенство во Шпанија, откако во интересен натпревар славеше над единствената неевропска селекција во четврфиналето – Бразил, со 30-25.

Се играше гол за гол до 3-3, Данска набрзина се одлепи на предност од плус три, 6-3, и најчесто во првиот скандинавскиот претставник имаше еден или два гола предност. Бразилките израмнија на 13-13, но на пауза сепак Данска замина со гол позитива, 14-13.

На средината на вториот дел Бразилките имаа пад во играта, Данска го искористи тоа и си ја врати предноста од плус три, 21-18, а во последните петнаесетина минути обезбеди и плус четири, 23-19, по што немаше преголеми возбудувања во финишот.

Кај Данска, Педерсен даде шест гола, додека пет пати прецизна беше Петерсен, а кај Бразил се истакна Кардозо со десет погодоци. Ривал на Данска во петочното полуфинале ќе биде победникот од дуелот меѓу Франција и Шведска.