Бошковски: Кога дојдов тоа беше невозможна мисија, но го спасивме Радовиш!

Радовиш лесно и убедливо со 37:20 го совлада составот на Шампион во баражот за пласман во Супер лигата кој се играше во Неготино и, тимот кој и досега е редовен учесник во Супер лигата си обезбеди уште една сезона настап со најдобрите екипи во Македонија.

Тренерот на Радовиш, Андон Бошковски откако го презема клубот имаше исклучително добри резултати и успеа да ја оствари целта, односно опстанок во Супер лигата. После бараж дуелот тој го истакна задоволството од оствареното.

„Сакам да им честитам на сите играчи, исто така и на двајцата кои не се со нас во овој момент и управата за целата поддршка што ја имав. Кога дојдов опстанокот беше како невозможна мисија но на крај се испадна како што треба. Бев подготвен за баражот и сакам да му честитам на Шампион што стигна до тука, сепак се млада екипа и млад клуб треба така да продолжат понатаму. Задоволен сум од пристапот на играчите во изминатите два ипол месеци, завршува оваа луда година и сум пресреќен што успеавме да го спасиме Радовиш“, изјави Бошковски за 24Ракомет.

Радовиш плеј-аутот го започна многу лошо со серија порази, но смената на тенерското место донесе промени и во резултатите и на крај тимот успеа да обезбеди опстанок. Бошковски сезоната ја почна во тимот на КЛ7 каде претходно успеа д аго внес етимот во Супер лигата, а на полусезона за малку не успеа да влезе во плејофот и да разигрува за титулата.

Но, повторно ги докажа сопствените тренерски квалитети, правејќи голем пресврт во Радовиш овозможувајќи му на градот в година да може да ги гледа и екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер.

Радовиш не виде мака против Шампион, и следната сезона ќе игра во елитното друштво