Босанци ќе му судат на Еурофарм Пелистер во Нашице

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за првите натпревари од осминафиналето на Лигата на Европа.

Босанците Амар и Дино Коњичанин ќе му судат на Еурофарм Пелистер на натпреварот против Нексе Нашице од осминафиналето на второто по ранг европско натпреварување.

Делегат на средбата меѓу хрватскиот и македонскиот виицепрвак ќе биде Словенецот Томо Водопивец.

Натпреварот меѓу Нексе Нашице и Еурофарм Пелистер се игра на 29 март со почеток во 18:45 часот.