Борозан растура во Катар

Во првенството на Катар е завршен првиот дел од тековната сезона, а лидер на табелата е Ал Араби. Овој клуб собра 24 бода, односно седум победи, едно реми и еден пораз во девет меча, доволно за прво место.

Во Ал Араби играат тројца Црногорци – Жарко Марковиќ, Јово Дамјановиќ и Вуко Борозан. Некогашниот ракометар на Металург, Вардар и Веспрем, игра одлично во овој дел од сезоната по трансферот од Унгарија во Ал Араби.

Во Купот на федерацијата, кој исто така се игра како лига со девет кола, Ал Араби загуби од Ал Духаил со 32-30, а Борозан беше најдобар на теренот со шест погодоци.

Претходно против Ал Шамал, во триумфот со 32-25, Борозан даде десет гола, додека против Ал Гарафа во победата со 25-27, црногорскиот интернационалец постигна шест погодоци.