Борко Ристовски се враќа во Бундес лигата!

Голманот Борко Ристовски во следните два месеци ќе биде член на бундеслигашот Лемго, како позајмен играч. Потоа се враќа во Вардар каде ќе настапува во пролетниот дел од сезоната.

Управата на Лемго се обратила до Вардар со молба за позајмица на искусниот голман до крајот на годината со оглед на тоа што се повреди Урх Кастелиц, а имаат важни мечеви во домашното првенство.

Вардар позитивно одговори на барањето на Лемго и го ослободи Ристовски, чиј трансфер беше денеска целосно комплетиран и тој до крајот на годината ќе настапува во Бундеслигата.

Овој трансфер е камбек за Ристовски во Германија, откако ги бранеше головите на Гумерсбах и Рајн Некар Левен.