Борко за Металург: Лажната слика за „македонскиот“ проект…(ФОТО)

Тимот на Металург загуби два пати убедливо од Висла Плоцк во рамките на Лигата на Европа, со 38-19 и 35-20.

Тоа го испровоцира македонскиот репрезентативец и екс член на тимот од Автокоманда – Борко Ристовски, да се огласи на социјалните мрежи.

„Реалната слика на македонскиот ракомет…Рниќ, Додиќ, Поповиќ, Калуѓеровиќ… лажната слика за „македонскиот“ проект“, напиша голманот на Вардар на Инстаграм.

Металург се враќа во Скопје и ќе се подготвува за дуелите со рускиот Чеховски Медведи и австрискиот Фиверс.