Боризовска и ПАОК ќе се борат за Куп трофеј!

Екипата на ПАОК, во која настапува повремената репрезентативка на Македонија, Александра Боризовска, ќе игра на Ф4 во Купот на Грција.

ПАОК во четвртфиналето имаше противник по мерка и без многу проблеми триумфираше против Пилаја со пет гола разлика, 31:26.

Боризовска и колешките на полувреме имаа активен резултат од 15:10, така што во продолжението немаше никаква неизвесност, ниту промена на резултатот.

Екс ракометарката на Куманово беше меѓу најефикасните на натпреварот, постигна четири погодоци.

Во претходната сезона ПАОК ги освои сите титули на домашна сцена.