Боризовска и Дабевска со ПАОК до брејк во Атина

Тимот на ПАОК од Солун, каде што играат двете македонски интернационалки Сања Дабевска и Александра Боризовска, добро го стартуваше финалето на плеј-офот во јужниот сосед на Македонија.

ПАОК славеше во првиот меч од серијата на гостински терен кај Неа Јонија со 19-18, откако и на полувремето водеше со 9-7.

Двете Македонки погодија по еднаш во победата на тимот од Солун, а меѓу клучните ракометарки за триумфот беше голманката Катарина Томашевиќ.

Во поразениот тим, екс вардарката Татјана Хмирова беше најдобар со седум погодоци. Вториот меч од финалето е во среда на 26 април.