Борец ги освои бодовите против Делчево Вардар

Ракометарите на Борец триумфираа против Делчево Вардар со резултат 32:30 во плеј-аут натпреварувањето од Првата лига. Домашната екипа иако на моменти од натпреварот имаше водство и од седум голови, сепак гостите од Делчево на крајот запишаа пристоен пораз.

Во текот на целиот натпревар домашните ракометари го одржуваа водството, а на гостите секогаш им недостасуваше добра концентрација и главен чекор за пресврт. Слабата ротација на гостите од Делчево кои во Велес допатуваа со само девет ракометари е причина плус за неможноста да им се спротистават на домаќините.

Борец на овој натпревар беше предводен од Атанасовски Јован со осум и Табаков Илија со седум погодоци. Во составот на Делчево Вардар се истакна Велков Филип со 11 погодоци.

Следен предизвик за Борец е екипата на Риниа М, а Делчево Вардар на свој терен во следното коло силите ќе ги одмери со Преспа од Ресен.